top of page
Home

МАСЛЕНИ ТРАНСФОРМАТОРИ ЗА СОЛАРНИ ЦЕНТРАЛИ

Нудиме специјално дизајнирани маслени трансформатори за соларни (фотоволтаични) централи, оптимизирани за работа со инвертори и обновливи извори на енергија.

Овие среднонапонски трансформатори за соларни системи се користат за трансформација на напон од нисконапонската страна на инверторите (0.4 kV, 0.42kV или 0.8 kV) кон среднонапонската мрежа (10 kV, 20 kV, 21 kV).

Овие високоефикасни трансформатори се идеален избор за модерни електроенергетски

системи каде што се бара:

  • минимална потрошувачка на енергија

  • намалени оперативни трошоци

  • долгорочна економска исплатливост

Карактеристики на трансформатори за соларни централи:

  • Оптимизирани за променливи оптоварувања и хармоници

  • Дизајн за работа со инверторски напојувања

  • Висока отпорност на термички и електрични напрегања

  • Можност за изведба со двојни напонски нивоа (0.4/0.8 kV)

Технички карактеристики:

  • Еднонапонски: 10/0.4 kV или 0.42 kV, 10/0.8 kV, 20/0.4 kV или 0.42 kV, 20/0.8 kV, 21/0.4 kV или 0.42 kV, 21/0.8 kV

  • Двонапонски: 20/10/0.4 kV или 0.42 kV, 21/10.5/0.42 kV, 20/10/0.8 kV или 21/10.8/0.8 kV

  • Моќност: 1000 kVA – 2500 kVA

  • Ладење: ONAN

  • Изведба: маслен трансформатор со конзерватор или херметичка изведба

  • Намотки: бакар/бакар (Cu/Cu), бакар/алуминиум (Cu/Al), алуминиум/алуминиум (Al/Al)

•  Јадро: високоефикасен CRGO челик


ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ
ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ
bottom of page