Нудиме сервисирање, дијагностика и поправка на сите видови електрични мотори и генератори. Со стручен тим и современа опрема обезбедуваме сигурна работа, висок квалитет и подолг работен век на вашата опрема.
Секоја машина поминува низ детална анализа, професионална поправка и финално тестирање за максимална ефикасност.
Нашите услуги опфаќаат:
Поправка на нисконапонски монофазни и трифазни електромотори
Поправка на електромотори со намотан ротор
Поправка на еднонасочни електромотори
Поправка на високонапонски електромотори
Поправка на Шраге-Рихтер електромотори
Поправка на електромагнети за дигање товар
Поправка на електромагнетни спојки
Поправка на пункт апарати
Балансирање на ротори (25–3000 kg) со висока прецизност
Гарантираме квалитетна изведба, намалени вибрации и продолжен работен век на вашата опрема.










