Соработка помеѓу Раде Кончар ТЕП и ФИТР

May 18, 2023
1 min read
Updated: Jan 27

Раде Кончар ТЕП во соработка со ФИТР, во рамки на иновациски ваучер уште еднаш покажа дека соработката со научните институции резултира со развој на нов физички прототип и иновативен производ.
На основа на нумерички, лабораториски анализи, како и примена на современо адитивно производство (3D принтинг) за потребите на РК ТЕП развиен е нов и подобрен иновативен производ во соработка со Лабораторијата за обликување со деформации и брзи прототипови на Машинскиот факултет во Скопје.